394
Околу Градскиот трговски центар вечерва беше поставена ограда, односно тараби кои се поставуваат при изградба или при поставување на барокни фасади, како што и досега правеше Владата.
Тарабите се поставени од страната на паркот Жена-борец, во должина речиси до Триумфалната порта. На нив нема никаква ознака кој ги поставил, ниту со која цел.
Владата донесе одлука за поставување на барокна фасада на ГТЦ, а одлуката беше објавена во Службен весник на 3-ти јули годинава, и покрај сите негодувања од организации и граѓани.