465
На ТВ 24 вечерва се емитуваше последниот телевизиски дуел меѓу претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова. Овој дуел емитуван неколку часа пред почетокот на предизборниот молк беше најжесток и на моменти тежок за следење.
Кандидатите често си упаѓаа во збор и не го почитуваа времето на противкандидатот. Се служеа и со лични навреди. На моменти го напаѓаа и водителот дека не ги заштитувал доволно од навредите од противникот.
Пендаровски го спомена таткото на Силјановска и обвини дека тој бил соработик на УДБА, а потоа Силјановска „му врати“ дека неговиот татко бил дел од полициските структури.