Последниот ден на Никола Груевски на „Илинденска 2“

by Fokus

На лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и неговите министри денеска им е последен ден на „Илинденска 2“, каде ги поминаа последните 11 години од своето владеење.

На денешната седница, која почнува во 12 часот се очекува повторно жестока дебата меѓу пратениците од СДСМ и ДПМНЕ, како и меѓу ДУИ и БЕСА, а вечер на полноќ ќе се гласа нова влада предводена од мандатарот Зоран Заев.

За време на владеењето на Груевски, пред барокната зграда на „Илинденска 2“ се одржаа многу протести и контра-протести, а се донесоа и многу одлуки, за кои како што обвинуваа граѓаните, им го уништиле животот.

 

 

Поврзани новости