Бугарската социјалистичка партија, која го доби третиот последен мандат за формирање нова влада на земјата, останува на ставот дека премиерот треба да биде од најголемата партија застапена во Парламентот – „Продолжуваме со промената“, изјави Корнелија Нинова.
Се уште не е познато името на кандидатот за следен премиер на Бугарија, но останува барањето на бугарските социјалисти нов премиер да не биде Кирил Петков.
Преговорите за формирање нова влада почнуваат утре со најголемата партија во Народното собрание – „Продолжуваме со промената“.
Програмата за управување потпишана пред неколку недели меѓу тројцата учесници во владината коалиција „Продолжување на промените“, БСП и „Демократска Бугарија“ ќе биде основа за разговорите со сите политички сили.
Бугарските социјалисти ќе преговараат со партијата на Слави Трифонов „Има таков народ“ како и со независните пратеници кои се одвоија од нив.
Лидерот на БСП рече дека нема да се водат консултации со ГЕРБ, ДПС и „Преродба “.
Според Нинова, најтешко во преговорите ќе биде враќањето на добриот тон меѓу „Продолжуваме со промената“ на Кирил Петков и партијата на Слави Трифонов „Има таков народ“.