339
Директорот на „Македонија пат“ Костадин Ацевски објави дека сите магистрални и регионални патишта се исчистени и проодни.
„После многу снег, паднати дрва, летни гуми, тешки товарни возила без зимска опрема, непочитување на забрани… Македонија пат дежурни секогаш и за се!!!“, напиша тој на Фејсбук.
Првиот човек на јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта беше цел на критики од страна на опозицијата, дека снегот повторно го изненадил.