После изборите почнуваат подготовки за организирање на попис на населението

by Fokus

Последниот попис на населението во Северна Македонија беше во 2002 година, според кој во земјава има 2.022.547 жители.

Во 2011 година имаше неуспешен обид за попис, а вицепремиерот Бујар Османи најави дека наскоро може да се случи нов попис на населението.

„Да поминат изборите на 15 јули и после тоа ќе започнеме со подготовките за организирање на попис на населението“, кратко рече Османи на денешната прес-конференција.

Поврзани новости