Вчера попладне во Волково дошло до физичка пресметка помеѓу фудбалери на две екипи, пренесува МВР.
„На 14.04.2019 година во 18.10 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на фудбалскиот стадион на ФК Волково во с.Волково, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК Волково 1964 и ФК Братство од Коњари, лицата Е.Ќ.(51), И.Ќ.(48), Ќ.Ф.(33), А.Ќ.(20) и Б.А.(30), сите од с.Коњари, скопско, фудбалери на ФК Братство, го нарушиле јавниот ред и мир. Според пријавеното, А.Ќ. и Б.А. физички го нападнале Д.В.(26) од с.Волково, скопско, фудбалер на ФК Волково 1964, а останатите лица агресивно се однесувале кон полициските службеници. Лицата биле приведени во Полициската станица Ѓорче Петров и по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, велат од МВР.