Додека еден се мислел за бурекот, друг ја празнел касата, кражба во скопска пекара

by fokus

Две лица извршиле кражба во скопска пекара рано утринава, при што биле организирали едниот да го сврти вниманието на продавачот, додека другиот ја празнел касата. Од МВР информираат дека се трага по крадците.

„На 15.04.2019 година околу 03,15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во пекара на ул. „Московска“ две лица извршиле кражба. Според пријавеното, додека едното лице разгледувало што да купи, другото одзело пари од касата. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот“, соопштија од полицијата.

Поврзани новости