686
Покрај проектот „Ало докторе“ во кој редовно е ангажиран по еден лекар-специјалист, кој им дава телефонски совети од сите области на пациентите, денеска министерството за здравство излезе со нов проект, кој дополнително ги зголемува обврските на лекарите, но овој пат само на гинеколозите.
Од ресорното министерство денеска преку соопштение известија дека отвораат фејсбук страна „Здрава бременост“ за медицински консултации и совети за бременоста. Во соопштението се наведува дека, по еден гинеколог на дневна основа ќе одговара на прашањата, кои ќе ги поставуваат идните родители. Според најавата, денеска по 19 часот на парашањата на пациентките ќе одговара доктор Марија Хаџи-Лега, директор на скопската Клиника за Гиенкологија.