436
Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од утре се зголемуваат за 0,50 денари по литар, а на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 остануваат непроменети, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 62,00, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 52,00 денари за литар.
Литар ЕУРОСУПЕР БС-95 и натаму ќе се продава за 69,50, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 71,50 денари.
За 1,163 денари се зголемува цената на мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 35,343 денари.