430
Граѓаните кои и денеска по четиринаесетти пат се собраа на протест против аболицијата се упатија кон Собранието на Република Македонија.
За разлика од вчера, демонстрантите вечерва ја„поштедија” канцеларијата на Претседателот Иванов и Министерството за правда, па само ги одминаа без да ги офарбаат со боја.
Во моментов тие се наоѓааат пред Собранието, каде ги пречекаа звуците на песната „Во борба македонски народе.”
Инаку, освен во Скопје, протести против аболицијата вечерва ќе има и во Велес, Охрид, Кичево, Кавадарци, Битола, Прилеп, Радовиш и Струмица.
Демонстрантите бараат итно повлекување на одлуката за аболиција, оставка на претседателот Ѓорге Иванов и повлекување на одлуката за избори на 5-ти јуни.