Вечерва протести во девет градови низ Македонија

by Фокус

Голем број граѓани, како и во претходните денови и вечерва се собраа пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство.

Освен во Скопје, протести против аболицијата вечерва ќе има и во Велес, Охрид, Кичево, Кавадарци, Битола, Прилеп, Радовиш и Струмица.

-Македонија е на нозе, се гледаме на улиците! – порачаа од граѓанската платформа „Протестирам”.

Демонстрантите бараат итно повлекување на одлуката за аболиција, оставка на претседателот Ѓорге Иванов и повлекување на одлуката за избори на 5-ти јуни.

Поврзани новости