Посебен сообраќаен режим за време на утринските блокади

by Fokus

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 5 декември (понеделник), заради најавено одржување на протест, со почеток во 06.00 часот полициски службеници од СВР Скопје ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот.

Притоа посебниот режим на сообраќај ќе биде воспоставен на булеварот Илинден и тоа од крстосницата на Илинденска со булеварот Св. Климент Охридски до крстосницата на Илинденска со булеварот 8 Септември. Посебен режим ќе има и кај Црвен крст, на крстосницата помеѓу улицата 11 Октомври и булеварот Кочо Рацин. Исто така, посебен режим ќе има и кај Судска палата, на крстосницата на булеварите Гоце Делчев и Крсте Мисирков .

Поврзани новости