Струга е есенски фудбалски првак

by Фокус

Струга Трим Лум е есенски првак во македонската Прва лига после 11-та сезонска победа денеска на тешкиот терен против Академија Пандев со 1-0.

Дарко Илиески со голот во 69-та минута на стружани им го обезбедија првото место пред зимската пауза после ова претпоследно есенско коло, па идниот викенд ќе биде познато со колкава предност ќе одат стружани на две ипол месечна пауза, зашто Шкупи со 3-1 славеше во Кичево против Брегалница, а со ист резултат Шкендија и полесно од очекувањата ги скроти „лавовите“ во Ѓорче Петров.

Шкупи гостува кај Работнички, а Струга игра во Автокоманда кај Скопје во последното есенско коло, додека Шкендија е слободна и на пауза заминува со најмалку осум бодови заостаток, кои може да бидат и 11 ако стружани ги победат „пиратите“.

Поврзани новости