Министерот за надворешни работи на Португалија, Аугусто Сантош Силва, рече дека грешка е изјавата на државната секретарка, Ана Паула Закаријаш, во која таа користи „северномакедонски јазик“.
-Не можете да очекувате од дипломати и политичари да бидат експерти по лингвистика, не ја поминуваме секоја секунда од секоја минута од секој час секој ден во употреба на соодветни прецизни термини од научна гледна точка, кога мојата заменичка се осврна на македонскиот јазик таа сакаше да каже македонски јазик – рече Силва.
Министерот понатаму додаде дека содржината на португалскиот предлог е прифатен од македонска страна и може да биде прифатен од бугарска страна.
-Зборуваме за македонски јазик и предлагаме дека со унилатерална декларација поддржана од декларација на Советот на ЕУ секоја земја ја дефинира својата позиција, македонскиот јазик е јазик дефиниран согласно Уставот на Северна Македонија и е кодифициран во 1945 година, но ако сакате да ја знаете позицијата на португалското претседателство, прочитајте го текстот – порача Силва.