Радев бара почитување на Бугарите во Македонија

by fokus

Македонските Бугари во Република Северна Македонија очекуваат поактивна културна, духовна и образовна размена со Бугарија, изјави претседателот на Бугарија Румен Радев по средбата со претставници на Центарот за култура „Иван Михаилов“ од Битола. Тој потсети дека Софија очекува неповратни резултати од Скопје во градењето добрососедски односи.

-Овој процес бара Северна Македонија да ги почитува правата на своите граѓани, кои се самоидентификуваат како Бугари, а делата на бугарските преродбеници да бидат објавени без измени и редакциски интервенции – изјави Радев.

Поврзани новости