641
Кремљ денеска соопшти дека не може да има дијалог со луѓето кои насилно и нелегално протестираат, откако десетици илјади лица за време на викендот излегоа на улиците и побараа ослободување на затворениот опозициски лидер Алексеј Навални.
Британските медиуми го цитираат портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој кажа дека нивото на насилство кај некои демонстранти било невидено досега и дека тие се однесувале многу агресивно.
Песков истакна дека случаите на полициско насилство врз демонстрантите, од кои некои беа снимени на видео, се далеку помали и дека истрагата и за нив е во тек.