748
Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска информираше дека е позитивна на ковид 19.
„Немам симптоми и се чувствувам добро, но се тестирав заради сигурност со оглед на моите професионални, но и приватни активности. Сметав дека така е правилно и одговорно. Во текот на утрешниот ден ќе бидат тестирани и моите деца и сопруг. Во овој период секој мора да биде одговорен, апелирам за строго почитување на мерките, не 99, туку 100 отсто почитување на сите мерки за заштита на здравјето“, напиша таа на фејсбук.