Порошенко се врати во Киев да се соочи со обвиненијата

by fokus

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко се врати во Украина за да се бори против обвиненијата за предавство што ги отфрла како политички мотивирани. Тој пред полетувањето на аеродромот во Варшава изјави дека оди да ја брани Украина.

-Мораме да се обединиме за да покажеме дека Украина е силна и дека е способна да застане против агресијата на рускиот претседател Владимир Путин, изјави Порошенко.

Во текот на денешниот ден се очекува Судот во Киев да донесе одлука дали да му одреди притвор на Порошенко.

Порошенко, кој сега е пратеник и лидер на опозициската партија Европска солидарност, е под истрага за наводно предавство поврзано со продажбата на јаглен што помогнало во финансирањето на сепаратистите поддржани од Русија во источна Украина во 2014-15 година додека тој беше на функцијата.

Поврзани новости