Поранешниот воен разузнавач Горан Софески утринава е пронајден мртов во шума во Кичево под чудни околности, дознава ПлусИнфо од свои извори. Во моментов специјалната единица „Тигри“ е на местото на настанот и се прави увид. И екипа на АРМ е на пат кон местото каде било пронајдено телото на Софески.
Тој вчера околу 17 часот бил пријавен за исчезнат во полициската станица во Кичево, откако отишол на лов над село Раштани и не се вратил. Во моментов специјалците на МВР се спуштаат кон локацијата, а се чека да дојде јавен обвинител да даде дозвола да почне извлекувањето на телото.
44- годишниот Горан Софески беше поранешен шеф на военото разузнување, а потоа беше и обезбедување на актуелната министерка за труд и социјала, Фросина Ременски, за време на протестите пред Владата. Беше критички настроен кон власта, а ја откри и аферата за шверцот со армиско оружје. Неодмна бил прераспореден во касарната во Куманово во единица која бара најдобра физичка подготвненост, иако имал проблеми со срцето. Според изворите на ПлусИнфо, подолг период бил во судир со екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков.