Специјалното обвинителство отвори своја Фејсбук страница

by Фокус 13:01
13:01

Специјалното јавно обвинителство, предводено од специјалната обвинителка Катица Јанева, денеска преку соопштение ја информираше јавноста дека за поголема транспарентност отворило своја Фејсбук страница преку која ќе информира за сите свои чекори.

-Во овој контекст со цел доследното почитување на начелото на транспарентност и покажувајќи почит кон интересот на јавноста, оформена е и фејсбук страница, каде редовно ќе бидат објавувани нашите соопштенија и ставови околу одредени актуелни прашања. Линк до фејсбук страницата: https://www.facebook.com/Специјално-јавно-обвинителство-650104671759753/timeline?ref=page_internal , се вели во соопштенито од Специјалното обвинителство.

- Advertising -

Во изминатиов период, Специјалното јавно обвинителство спровело обуки имајќи ја предвид природата на предметите со кои се соочува ова обвинителство, а донесен е и оперативен план за делување.

-Организиравме и активности поврзани со средување на просторот каде обвинителството ќе биде сместено. Со оглед дека активностите околу средување на просторот бараат одреден временски период, а имајќи ја предвид итноста од наше предметно постапување, закупивме простор во кој привремено ќе бидеме сместени. Сепак, официјалните постории на ова Јавно обвинителство остануваат во Министерството за правда, велат од Специјалното обвинителство.

Поврзани новости