445
Без дискусија во Комисијата за избори и именувања, Зоран Ангеловски денеска едногласно е предложен за нови директор на Оперативно техничката агенција (ОТА), откако власта и опоцијата посигнале консензус за него во конкуренција на 14 кандидати.
Инаку, Ангеловски работел во Агенцијата за разузнавање од 1998 до 2005 година, а бил и инспектор во Град Скопје, по што работел во Телеком.
Откако ќе биде избран со двотретинско мнозинсвто на пленарна седница, тој ќе застане на чело на новоформораната ОТА, која ќе има задача да го следи прислушувањето.
Формирањето на оваа агенција беше една од клучните препораки на експертската група на Прибе, како начин да се спречи злоупотребата со прислушувањето на телефонски разговори.