Заев: Веднаш ќе преземам мерки ако некој врши притисок врз судството

by Фокус 17:33
17:33

Доколку постои човек кој врши притисок врз судството, нека кажат кој е, порача премиерот Зоран Заев по обвинувањата на поранешниот премиер Никола Груевски дека од високи инстанци се вршел притисок врз судиите да го обвинат за случајот „Тенк“.

-Јас знам дека сите процеси се водат транспарентно, без разлика за кој во државата и уште еднаш ја потврдувам независноста на судството. Никој нема право да ги прејудицира одлуките, да прави притисок врз судиите и случно. Јас само посочувам нека кажат кој е тој, ако постои веднаш ќе преземам мерки за санкции. Знам дека не постои таква работа и само уште еднаш ќе апелирам до сите професионално однесување, соглсно, закон и устав. Без било какви протекции и без било какви омаловажувања во државата – изјави.

- Advertisements -

Поврзани новости