Поранешниот претседател на Хондурас осуден во САД за шверц на кокаин

by Фокус

Поранешниот претседател на Хондурас, Хуан Орландо Хернандез, е осуден денеска во Њујорк по обвинение дека соработувал со шверцери на дрога и дека ја користел војската и полицијата на неговата земја за да овозможи шверц на повеќе тони кокаин во САД.

Поротата ја донесе својата пресуда по двонеделното судење на 55-годишниот Хернандез, кое беше внимателно следено во Хондурас.

Хернандез служеше два мандата како претседател на Хондурас, централноамериканска земја со околу 10 милиони луѓе, од 2014 до 2022 година.

Тој беше уапсен во април 2022 година во неговиот дом во Тегусигалпа, главниот град на Хондурас, три месеци по истекот на неговиот втор претседателски мандат и набрзо беше екстрадиран во САД.

Американските обвинители го обвинија Хернандез дека соработувал со шверцери на дрога од 2004 година и земал милиони долари мито за време на неговата политичка кариера.

Ернандез пред судот призна дека парите од дрога биле дадени на буквално секоја политичка партија во Хондурас, но негираше дека земал мито.

Поврзани новости