651
Поранешниот пратеник од редовите на НСДП Љубомир Јосифовски синоќа бил приведен и однесен на распит во полициската станица Беко.
Според неофицијални информации, тој се истражува за неовластено навлегување во комјутерскиот систем на Централниот регистар.
Се очекуваат повеќе детали за случајот поврзан со Јосифовски, кој неодамна пројави амбиции да го замени Тито Петковски на лидерското место во НСДП.