Поранешниот директор на царината и министер за полиција за време на владата на СДСМ во периодот до 2002 до 2006 година, Љубомир Михајловски-Џанго, синоќа е избран за нов претседател на Адвокатската комора, а негови заменици ќе бидат Јелена Ристиќ и Бесим Реџепи.
Досега, со Адвокатската комора претседаваше Никола Додевски, кој беше адвокат на функционерите на поранешната власт во случаите на СЈО, вклучувајќи го и експремиерот Никола Груевски, меѓутоа по некое време тој ја прекина соработката со овие клиенти.
Во игра за негови наследници уште се споменуваше и Ѕвонко Давидовиќ, Наташа Трпеновска Тренчевска, Димитар Панчевски, додека Александар Тортевски одлучи да не се кандидира поради начинот на избор, кој не предвидува адвокатите директно да го избират претседателот, туку тоа да го прави Управен одбор избран од собранието на комората.
По изборот во Струга, неколку адвокати на социјалната мрежа фејсбук му го честитаа изборот на Џанго, а беше објавена и фотографија на која новиот преседател на комората е заедно со адвокатот на Струмица Ване Андреев, кој го застапува премиерот Зоран Заев.