Поранешни директори на гостиварски училишта: Кога Бејта не разреши во 2013 година МОН не му ги одзеде надлежностите како сега на Таравари

by Фокус

Директори на гостиварски училишта, кои биле отпуштени во 2013 година кога co општина Гостивар раководеше Невзат Бејта од ДУИ , денеска обвинија дека биле разрешени без никаква постапка, а дМинистерството за образование и наука не презело ништо за поправање на состојбата.

Тие денеска свикаа прес-конференција со цел, како што рекоа,  да ги демантираат невистините од Бејта и министерката Рената Десковска дека сегашниот градоначалник Арбен Таравари наводно ги прекршил одредбите од Законот за основно и средно образование, па затоа му се одземени надлежностите од страна на МОН во делот на именување и разрешување на директори.

-Тие, како да заборавија дека пред 5 години, односно во 2013 година, поранешниот градоначалник уште во првиот ден по преземање на функцијата со невиден цинизам на социјалните мрежи најави што ќе се случи, пишувајќи статус „Добро утро, директори“. Тоа се оствари со тоа што не повика во општината сите нас 15 директори и ни соопшти дека нашата политичка опција изгубила и дека поради тоа треба да поднесеме оставка – рече во името на колегите Екрем Исмаили, директор на ОУ Исмаил Ќемали во периодот 2009-2013 година.

Тој додаде дека нивните реакции дека се избрани со конкурс и дека нивното разрешување треба да биде во согласност со Законот за основно и средно образование воопшто не беа земени во предвид, па Бејта ги разреши сите, повикувајќи се на членот со кој е пропишано дека градоначалникот именува и разрешува директори.

Со ова јасно се докажува дека одземањето на ингеренциите е политички чин и дека нема никаква врска со Законот за основно и средно образование, како и дека законските прописи важат за сите и во било кое време додека се во сила, но во конкретниот случај МОН за едните е мајка а за другите маќеа – подвлече Исмаили.

Поврзани новости