Поранешната сопруга на Слободан Милошевиќ осудена на една година затвор

by fokus

Високиот суд во Белград ја осуди поранешната сопруга на Слободан Милошевиќ и поранешна претседателка на ЈУЛ, Мирјана Марковиќ, на една година затвор под обвинение дека влијаела врз членовите на владината комисија за нелегално распределување државни станови во 2000 година, пренесува Независен весник.

Со истата пресуда поранешниот секретар на Владата на Србија, Живка Цица-Кнежевиќ, е осудена на една и пол година затвор, додека тогашниот директор на ДИПОС, Милош Лончар, на една година за кривичното дело злоупотреба на службената должност, а Марковиќ за поттикнување на извршување на кривичното дело.

Марковиќ беше осудена во отсуство поради тоа што беше недостапна за судските власти во Србија, и во 2005 година беше издадена меѓународна потерница за апсење.

Поради оваа причина, судот ја отфрли одлуката за притвор од 17 април 2003 година. Оваа првостепена пресуда беше објавена скоро 15 години по започнувањето на кривичната постапка. Осудените лица, нивните бранители, како и обвинителството имаат право да се жалат на одлуката на овој суд до Апелацискиот суд во Белград.

Поврзани новости