517
Душан Петковиќ, поранешен фудбалер и син на некогашниот селектор на Србија и Црна Гора, Илија Петковиќ, е лишен од слобода во Холандија во рамки на голема меѓународна операција во која се уапсени припадници на криминална група поради шверц на 115 килограми кокаин.
Како што јавија српските медиуми, Петковиќ бил уапсен задно со член на криминалниот клан „Америка“.
Во акцијата се уапсени вкупно десет луѓе.
Станува збор за заедничката операција во која биле вклучени одделите за сузбивање шверц на дрога на Србија, Белгија, Холандија, како и Европол.