Поранешен разузнавач: Цел свет го гледа Израел, а во Украина се случуваат важни работи

by Fokus

Поранешниот британски воен разузнавач, Филип Инграм вели дека додека светот е фокусиран на она што се случува на Блискиот Исток, војната во Украина продолжува и има неколку значајни настани во последните денови. Тој истакна дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров е во Северна Кореја, каде му се заблагодарил на Ким Џонг-ун за 1.000 контејнери со воена опрема и муниција.

Тој верува дека токму оваа севернокорејска помош им овозможила на руските сили да ја нападнат украинската одбрана во Авдијевка, град во источна Украина, заземајќи некои мали области додека се обидувале да ги опколат бранителите. Меѓутоа, му се чини дека нападот е запрен и дека загубите во опрема и персонал се огромни, пишува Sky News.

Тој предвидува дека Лавров ќе бара дополнителна и редовна поддршка од Северна Кореја доколку е можно. Во меѓувреме, рускиот претседател пристигна во Кина на третата конференција на иницијативата „Појас и пат“, но и на разговори со кинескиот лидер Шји Џјинпинг. Инграм е убеден дека Путин сè уште ја бара поддршката на Шји.

Во Украина, контраофанзивата продолжува на повеќе фронтови и новите воени способности прават разлика. Потврдена е првата употреба на американските ракети со долг дострел ATACMS во напад на аеродромот во Бердјанск на јужниот окупиран украински брег, при што беа уништени значителен број руски хеликоптери.

Поврзани новости