Поранешен фудбалски селектор на Македонија ќе работи во Ирак

by fokus 14:19
14:19

Словенецот Сречко Катанец е назначен за селектор на ирачкиот национален фудбалски тим.

Како што објави „Л’Екип“ 55-годишниот тренер потпиша договор со Ирачката фудбалска федерација со тригодишна важност за плата од 1,2 милиони долари.

- Advertisements -

Катанец истакна дека неговата главна цел ќе биде да ја однесе репрезентацијата на Светското првенство – 2022 година.

На 10 септември, Ирак ќе одигра пријателски дуел со Кувајт.

Катанец е поранешен селектор на Македонија (2006-2009 година). Со него „црвено-жолтите“ го имаа најдобриот пласман (46.место) на ФИФА рејтинг листата.

Поврзани новости