Владимир Здравев, поранешниот претседавач на Советот на општина Центар и екс директор на МЕПСО, отвора хотел во италијанскиот град Трст. Станува збор за „Солун хотел и Спа“, ист каков што Здравев има и во центарот на Скопје. Според информациите од хотелот, објектот почнува со работа деновиве, откако пред шест години почнала изградбата. Станува збор за еко – хотел кој ќе биде прв од ваков тип на Балканот, објави Фактор.
Бизнисменот кој сега успешно раководи со хотелскиот бизнис, деновиве ќе почне да ги угостува клинетите на Солун Хотел и Спа и во италијанскиот град Трст.
„Бидете подготвени за нов елегантен и стилски хотел кој дефинитивно ќе го укаред вашето срце со со неговиот суптилна, но елегантна надворешност, прекрасен лоби простор и простории дизајнирани со допир на елеганција измешани со совршено украсен шарен ентериер, сти во објавата од Хотел Солун.
Владимир Здравев чекори во овој бизнис откако претходно беше на високи позиции во сега опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Тој претседаваше со Советот на Центар во мандатот од 2009 до 2013 година. Поранешниот градоначалник Андреј Жерновски во еден наврат рече дека Здравев имал клучна улога во реализацијата на проектот Скопје 2014 година и во тоа време дури осум пати патувал во Италија, поточно во Фиренца, верона и во Милано, каде се правеа делод фигурите и спомениците за овој проект.