Пораки за најголемиот христијански празник Велигден

by Фокус 12:23
12:23

Православните и католичките верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото Воскресение.

Поглаварот на Македонската православна црква, г.г. Стефан во велигденското послание повика на национално и духовно обединување.

- Advertising -

„Настанот на Воскресението нe повикува да го чуваме единството, духовно и национално, за доброто на нашата Црква и татковина, и никогаш личните да не ни бидат пред заедничките интереси. Токму поради тоа Бог ни дава различни дарови, коишто треба да ги развиваме и употребуваме за доброто и напредокот, и својот, но истовремено и на сите“, порача поглаварот на МПЦ.

Честититки по повод најголемиот христијански празник упатија и лидерите на политичките партии.

„Во оваа убава прилика ги нагласувам моите искрени уверувања и заложби сите ние заедно да продолжиме секојдневно да остваруваме свој придонес во создавањето напредна иднина на Република Македонија во која ќе продолжи да владее меѓусебно разбирање, взаемно помагање и толеранција меѓу сите граѓани. Убеден сум дека покрај политичките и граѓанските, и сите верски ентитети, вклучително и Католичката Црква во Република Македонија, ќе продолжат да даваат суштински придонес во таа насока“, се вели во честитката на претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Во честитката на премиерот Никола Груевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ се вели:

„Нека Бог не чува и нека ни помогне во сите наши искушенија. Нека го зацврсти единството и нашата верба, нека ја умножи љубовта и радоста помеѓу луѓето, нека дари рожби и повеќе деца во нашите семејства, нека ни даде мудрост и сила да ги зацврстиме и унапредиме заедничките вредности на кои се развива македонското општество“.

 

 

 

Поврзани новости