Поради трка утре ќе се пренасочува сообраќајот од „Панорама“ и Нерези до Средно Водно

by fokus

Од МВР информираат дека поради трка, односно оддржување на Европското атлетско првенство во планинско трчање, утре ќе се пренасочува сообраќајот кон Средно Водно.

-Утре (01.07., недела) поради одржувањето на спортската манифестација – Европско атлетско првенство во планинско трчање, што во организација  на Атлетска федерација на Македонија ќе се одржи во Скопје, во периодот од 07,00 до16,00 часот, Одделението за бездедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе пренасочување на сообраќајот на улицата “Тодор Александров“ од потегот кај поранешниот објект хотел “Панорама“ па се до Средно водно, како и од с.Нерези (етно село) до Средно водно. СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат времените сообраќајни мерки.

Поврзани новости