Германската полиција одбила влез на 196.000 лица на граничните премини под сомнение за инфекција со коронавирус, објави денеска „Билд ам Сонтаг“ пред укинувањето на контролите на границите.
Бројот на одбиени лица се однесува на периодот до 11 јуни, изјави германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зихофер.
Тој рече дека граничните контроли од 16 март, кога тие проверки биле привремено воведени, ги извршиле 6.000 полицајци.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека 122 полицајци се заразени со вирусот, но без детали.
Зихофер рече дека тие задачи биле меѓу најсложените полициски операции и ги пофали полицајците за нивната работа и им се заблагодари во името на целата влада.
Германија планира да престане да ги спроведува граничните контроли од полноќ, воведени поради пандемијата на Kовид-19.