419
Снимањето на францускиот филм „А фонд“, кој се снимаше на обиколницата во Скопје, од утре ќе продолжи на нова локација на магистралниот пат А1, делница од мотелот Македонија до Градско.
Поради тоа, овој дел од патниот правец ќе биде затворен за сообраќај од 5 часот наутро до 18 часот попладне. Сообраќајот ќе се одвива по стариот пат кој е обележан со соодветна сигнализација. Предвидено е снимањето да се одвива во работни денови.