428
Генералниот директор на Меѓународното здружение на воздушен транспорт (ИАТА), Вили Волш изјави дека поради раст на трошоците за гориво ќе се зголеми цената на авионските билети.
Тој наведе дека цените на горивото се рекордно високи и оти „нафтата е единствен најголем елемент во основата на трошоците на авиокомпаниите“
– Неизбежно е на крај високите цени на нафтата да се пренесат на потрошувачите преку повисоки цени на билетите, посочи Волш.