417
Поради недобиена покана, генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, денеска не се појави на распит во Основното јавно обвинителство. Од Обвинителството потврдија дека Спасовски е повикан на распит. Тој пак за новинарите рече дека нема добиено покана, објави порталот Сведок.
Oд обвинителството на Марко Зврлевски на 13 февруари соопштија дека е оформен предмет против едно лице – организатор на изборна кампања и други лица, како и против едно правно лице за сторено кривично дело – Злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања од член 165-а од Кривичниот законик.