Македонската одбојкарска репрезентација неславно го заврши своето учество на Медитеранските игри што се одржуваат во шпанскиот град Тарагона, објави телевизија Сител.
Иако во Тарагона требаше да останат до до крајот на игрите, сепак недоличното однесување кое траело во доцните вечерни часови (неофицијално до 3 часот наутро), на што реагирале организаторите, но и другите олимписки национални делегации присутни таму, е главната причина поради која Македонскиот Олимписки Комитет реши да ги санкционира одбојкарите и веќе утре или задутре (во зависност од авио конекциите) да ги врати во Скопје.
Ова е уште еден неславен настап на нашите одбојкари, кои со своите настапи во Европската Сребрена Лига беа далеку од очекуваното, па ниту предноста на домашниот терен на фајнал-фор турнирот не успеаја да ја искористат, за на крајот да завршат како 4-то пласирани и тоа со само две победи над Косово и дури шест порази.