Популарниот гудачки квартет ,,Бонд” ќе одржи концерт во Скопје, во Македонска филхармонија на 19-ти мај, а потоа е закажан и втор концерт кој ќе се одржи во Струмица, на 20-ти мај во Центар за култура ,,Антон Панов”.
Како што истакнуваат од „Авалон Продукција”, кои се организатори на концертите, причината да се одржи вториот концерт на ,,Бонд” во друг македонски град, наместо во Скопје, е што добиле критики дека се носат светски имиња во Скопје и на лето во Охрид, а не и во останатите градови во земјава.
-После голем број критики дека освен во Скопје и на лето во Охрид никогаш не сме се обиделе да работиме светски имиња и во останатите градови во Македонија, решивме да ставиме крај на тоа.
По повод 30 години ,,Авалон Продукција”, на менаџментот на ,,Bond” му предложивме вториот концерт на ,,Bond” наместо во Скопје да се одржи во некој друг град… и девојките тоа со задоволство го прифатија.
Изборот падна на Струмица, бидејќи во 30 години постоење, таму имаме сработено многу мал број концерти од било кој тип и калибар-информираат од ,,Авалон”.
Концертот во Струмица бил со капацитет од 600 влезници, кои ќе бидат пуштени во продажба од утре, по цена од 1.500 денари.
Вики Клинчарова