Уапсен средношколец од Штип, објавил зајанувачка порака на Инстаграм

by Fokus

Средношколец од гимназијата „Славчо Стојменски“ во Штип е приведен, бидејќи вчера на социјалната мрежа „Инстаграм“ објавил текст со заканувачка содржина. Случајот го потврди СВР Штип.

Полициски службеници го лишиле од слобода 18-годишен Б. Д. од Штип.  Во СВР Штип, од гимназијата во Штип, каде тој е ученик, било пријавено дека на неговиот профил на Инстаграм објавил текст со заканувачка содржина. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во соопштението од СВР-Штип.

“За некој последна матурска, а за некој последен ден, ќе донесам пушка и ќе ги повторам случувањата во Србија”, ова е објава на ученик во штипската гимназија.

Директорот на училиштето Марјан Арсов рече дека службите во училиштето направиле разговор со ученикот и со неговите родители.

„Во текот на вчерашниот ден добивме дојава дека на социјалните медиуми од еден ученик има закана. Тоа кај нас го вклучи алармот и како директор и училиште ги презедовме сите мерки што ни се на располагање. Беше повикана целата служба и родителите на ученикот и се разговараше на таа тема“, изјави Арсов.
Тој рече дека во ова училиште настава има во двете смени.

„Апелираме до родителите совесно да ги пуштат децата на училиште и дека се ќе биде во најдобар ред“, рече Арсов.

Ова е прва ваква објава на социјалните мрежи од ученик во Штип.

Поврзани новости