902
Заменик градоначалникот на Скопје, Енвер Малиќи починал утринава од компликации со коронавирусот во една приватна болница, откако претходно бил лекуван десет дена на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, пренесува А!он.
Тој бил донесен во исклучително влошена состојба и лекарите цела ноќ се обидувале да му го спасат животот, но за жал неуспешно.
Малиќи беше почесен конзул на Мексико, угледен бизнисмен и заменик градоначалник на Скопје. Тој беше назначен за заменик градоначалник од страна на градоначалникот Петре Шилегов. Малиќи беше советник на ДУИ.