Во Скопје 202 санкционирани возачи 

by Fokus 10:06
10:06

Само на територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 202 мерки, во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот што ги спроведува Министерството за внатрешни работи.

Од МВР денеска информираа дека за возење без возачка дозвола изречени се 18 санкции, 13 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 65 санкции за непрописно паркирани возила, а 49 возила се подигнати од „пајак“ службата, додека 21 санкција за ненозесење заштитна маска.

- Advertisements -

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, нагласуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Поврзани новости