Во Ватикан, папата Франциск ја предводеше мисата во пресрет на Божиќ, на која присуствуваа околу 7.000 верници, додека уште 3.000 верници го следеа неговото обраќање преку екрани од плоштадот Свети Петар.
Папата уште еднаш испрати крик за мир во светот, прашувајќи се уште колку војни ќе се водат поради луѓето гладни за власт. Тој потсети на важноста на Божиќ.
– По два милениуми од раѓањето на Исус, по многу Божици прославени со украси и подароци, толку многу консумеризам, знаеме многу работи за Божиќ, но забораваме на неговото значење. Па, како можеме повторно да го откриеме значењето на Божиќ? И пред сè, каде да се обратите за да го побарате? Се чини дека Евангелието за раѓањето на Исус е напишано токму поради оваа причина: да не фати за рака и да нè врати таму каде што Бог не сака, рече папата Франциск.
Тој укажа на човечката ненаситност, посочувајќи дека додека животните јадат една храна, луѓето во светот, гладни за моќ и пари, ги јадат своите соседи, нивните браќа.
-Мажите и жените во нашиот свет ги јадат дури и своите соседи, браќа и сестри поради нивната глад за богатство и моќ“, рече тој. -Колку војни веќе видовме! Денес на многу места се газат достоинството и слободата! Главните жртви на човечката ненаситност се секогаш слабите. И овој Божиќ, хуманоста, ненаситна од пари, моќ и задоволство, не остава простор за малите, неродените, сиромашните, заборавените луѓ, порача Папата.
Откако Русија го нападна својот сосед во февруари, Папата зборуваше против војната на речиси секое јавно појавување, најмалку двапати неделно, осудувајќи ги, како што вели, злосторствата и неиспровоцираната агресија.