396
Дојава за бомба утринава ги запре автобусите на ЈСП и го поремети јавниот автобуски сообраќај во Скопје. На возачите им било соопштено дека мораат да ги вратат автобусите во базите за проверка. поради закана за бомба која ја добиле синоќа.
Повеќето, пак, од возачите воопшто не успеале да влезат во базите во Автокоманда и Ѓорче Петров, затоа што полицијата правела проверки.
Сепак, вработените се решени и покрај оваа ситуацијата точно на пладне да одржат протест заради неисплатената септемврска плата.