Телефоните постојано ми ѕвонат, веста се објави во сите бугарски медиуми, но верувајте, таква е ситуацијата, да јас ништо не смеам сега да коментирам за него – во разговор за ,,Фокус” открива моделот и блогерка Драгана Спасовска, која веќе подолг период живее и работи во Дубаи, а во Бугарија ги наполни страниците во медиумите, како причина поради која се разделиле Шакира и Пике.
Веста дека по 11 години врска од која имаат две деца, се разделиле колумбиската поп ѕвезда Шакира и дефанзивецот на ,,Барселона,, Жерар Пике, е топ тема во светските медиуми. Како причина за нивната разделба се наведува неверството на фудбалерот со девојка за која многу малку се знае.
Сепак, како што се објави во соседна Бугарија, таинствената девојка поради која се разделува славниот пар е токму Драгана, родена во Скопје, од татко Македонец и мајка Бугарка, која е доста популарна и во Бугарија, бидејќи и таму ја градеше кариерата и беше дел од многу модни настани и избори за убавина.
-Нормално дека се познаваме со Пике, имаме и заеднички фотографии, тоа е нешто кое не можам да го демантирам. Во Бугарија веќе се објавија и фотографиите… Но, за сите други детали, за сето она кое деновиве ја бранува јавноста, не смеам да зборувам сега. Апсолутно ништо во врска со него сега не смеам да изјавувам и да давам никаков коментар. Приказната за нас е доста актуелна во Бугарија, но јас ниту би потврдила, ниту би демантирала во овој период, се надевам дека ме разбирате – ни изјави Спасовска.
Вики Клинчарова