Бугарските пратеници се степаа во Собранието

by fokus

Ситуацијата повторно зовре во бугарскиот парламент, доаѓајќи до физичка пресметка помеѓу пратениците од „Продолжуваме со промената“ и ДПС.

Причина беше остриот говорот на Костадин Костадинов од „Преродба“, кој од собраниската говорница обвини дека синоќа бил направен обид за организирање на „Мајдан“ во Софија, предводен од фашистички измент и побара да се спречи обидот да биде окупирана државата.

На неговиот говор остро реагираа пратениците од Движењето за права и слободи, кои го обвинија Костадинов дека ја турка државата во конфликт.

Неговиот говор беше осуден и од пратениците на Бугарската социјалистичка партија и Демократска Бугарија.

Турканиците во салата настанаа откако пратеникот од „Продолжуваме со промената“ Росен Костурков започна да се расправа со пратеници од ДПС, по што станаа уште неколку негови сопартијци за да ја смират ситуацијата, но тоа од Хамид Хамид од ДПС беше поинаку протолкувано па го турна Настамир Ананиев.

Претседавачот со седницата Мирослав Иванов цело време ги повикуваше пратениците да седнат на своите места, а преку вклучениот микрофон можеше да се слушне како некој до него повеќе пати му сугерира да даде 20 минути пауза за да не настане поголем проблем.

Поврзани новости