Поради барање за изземање на судии се одложи денешното рочиште за Титаник

by Fokus

Денешното судско рочиште за случајот Титаник се одложи бидејќи Апелациониот суд треба да одлучи по барањето на адвокатите за изземање на судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани, но како и на претседателот и заменикот на Кривичниот суд и на двајца судии од Апелациониот суд.

Ова барање го поднесе повикувајќи се на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која неодамна истакна дека во бомбите имало разговори и на судии, односно дел од нив биле и прислушувани.

Во овој предмет, кој се однесува на изборните нерегуларности се обвинети 21 лице, од кои поголемиот дел се од поранепшното високо раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

В.В.

Поврзани новости