Поповски се жали на одлуката за притвор

by fokus

Поранешниот помошник министер во Министерството за внатрешни работи, Ѓоко Поповски поднел жалба до судот за притворот кој му е определен пред правосилност на затворската казна од 9 години за предметот „Тенк“, пренесува агенцијата Макфакс. Жалбата треба да ја разгледа советот и да донесе решение.

Инаку, Поповски е осуден за незаконска набавка на 300 возила за потребите на МВР во периодот од 2008 до 2012 година. Поповски треба и да ја надомести штетата од приближно половина милион евра и судските трошоци.

Судијката Добрила Кацарска рече дека Поповски бил свесен дека со неговото постапување може да настапи штетна последица и дека бил должен да се грижи за финансиите на МВР кои всушност се пари на даночните обврзници.

Поповски е осуден и за набавата на мерцедесот на Никола Груевски во случајот „Тенк“, дело за кое доби шест ипол години затворска казна.

Поврзани новости