ВИДЕО „365 промени за 365 дена“ – Заев даде отчет за сработеното на Владата една година по промената

by fokus

Премиерот Зоран Заев заедно со министрите пред споменикот  на Ослободителите на град Скопје, во дворот на Владата одржа прес конференција на која ги кажа сите проекти на владата по една година од преземањето на власта.

„365 промени за 365 дена“, така Заев ја нарече годишнината од работата на власта. Вели, не се добројуваат промените откако тие застанале на власт и ја ослободиле Македонија од режим.

Според него, нема веќе етнички и партиски поделби, а сите промени ги направиле во име на граѓаните, со цел Македонија да биде земја на сите граѓани.

-Ја кренавме Македонија како отворена, стабилна, земја на можности на пет столба, секој ден македонија се менува на подобро. Македонија е земја на економски раст и раст на плати. Повеќе пари кај граѓаните. Градиме држава по европски правила, рече Заев.

Според премиерот, 90.000 граѓани земаат повисоки плати, а приоритет за 201 година е економска стабилизација.

Тој рече дека Македонија чекори кон Европската Унија и НАТО, а се решаваат и спорови, но се зајакнува и идентитетот.

-Не сме биле побслику до решение, никогаш не било поголемо пријателството на земјите. Идентитетот на Македонците е потврден. На македонија и треба лидерство и чекор напред, не само празни зборови. Ќе има референдум, граѓаните го имаат последниот збор. Вистински патриоти се оние кои ја носат Македонија напред. Со решавање на спорот, влегуваме во НАТО. Регионот не смее да си дозволи чекор назад. Македонија е на вистински пат, темелните реформи се признаени од сите земји од ЕУ. Му покажавме на светот дека политичката криза е зад нас, рече Заев.

Тој не сакаше да каже дали договореното име е „Северна Македонија“ и рече дека се уште нема ништо договорено.

За „нон-пејпрот“, Заев рече дека не е ништо ново дека Франција и Холандија се двоумат за проширувањето на Европската Унија. Вели, тоа не е за почеток на преговорите со Македонија, туку за проширувањето.

Премиерот рече дека за една година во Македонија влегле 16 сстрански инвестиции од 200 милиони евра, а за тоа се потрошени нула денари.

-Има гласност наместо молк во медиумите. Стратегија за реформа на правосудството за враќање на довербата во институциите. Нема притисок врз судиите, има измени во законите, рече Заев.

Поврзани новости